Достапни линкови

logo-print

Подигната безбедноста на индиско-пакистанската граница


Индија ја зголеми безбедноста на нејзината граница со Пакистан по нападот на полициска станица во Пенџаб, при што се убиени пет луѓе. Официјални лица соопштија дека припадници на индиската војска и полиција денеска се судриле со вооружената група која ја нападна полициската станица во близина на границата со Пакистан. Според нив сите напаѓачи се убиени во акцијата на индиските сили. Властите велат дека напаѓачите најверојатно дошле од проблематичниот регион Кашмир. Тие најпрво украле автомобил, потоа пукале кон автобуска станица, а на крај ја нападнале полициската станица.

XS
SM
MD
LG