Достапни линкови

Обама: Ал Шабаб мора да се запре


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека вчерашниот смртоносен бомбашки напад во главниот град на Сомалија е потсетник дека терористичките групи како Ал Шабаб мора да бидат запрени. Тој рече дека Ал Шабаб понуди само смрт и уништување. Обама одржа заедничка прес конференција со премиерот на Етиопија Халимарима Дасалагн во Адис Абеба. Обама рече декаСАД и другите земји мора да притискаат врз групи како што Ал Шабаб, која, исто така претставува сериозна закана и во Етиопија.Обама ја повика Етиопија да ги олабави острите мерки кон медиумите и кон политичките опоненти.

Вчера во бомбашки напад во Могадишу загина 15 луѓе, соопшти сомалиската полицијата.

XS
SM
MD
LG