Достапни линкови

Убиен мигрант од Авганистан во тепачка во Србија


Илустрација.

Илустрација.

Српската полиција соопшти дека мигрант од Авганистан е убиен денеска во тепачка во која учествувале мигранти, во близина на границата со Унгарија. Во тепачката се повредени уште двајца мигранти. Тепaчката настанала меѓу две други мигранти рано утрово, наведува полицијата. Србија се наоѓа на балканската рута по која мигрантите се надеваат дека ќе дојдат до земјите од ЕУ. Соседот на Србија, Унгарија почна да гради ѕид на границата за да ги спречи мигрантите да влезат од Србија во Унгарија.

XS
SM
MD
LG