Достапни линкови

logo-print

Атамбаев: САД провоцираат


Киргистанскиот претседател Алмазбег Атамбаев ја бранеше одлуката на неговата влада да се прекине договорот за соработка со САД. Тој го обвини Вашингтон за провокација и за нарушување на меѓуетничките односи во Кигристан. Претходно Киргистан формално го прекина договорот склучен со САД во 1993, откако Бишкек се спротивстави на одлуката на САД да му дадат награда за човекови права на активист од Киргистан, етнички Узбек. Тие му доделија награда на Азимјон Аскаров, кој е осуден на доживотна казна затвор за меѓуетничките судири во Киригистан, во јуни 2010, кога загинаа 400 луѓе.

XS
SM
MD
LG