Достапни линкови

logo-print

За три дена издадени 1.853 потврди за барање азил


За три дена, 1.853 мигранити добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Македонија, соопшти МВР. Од 19 јуни до утринава издадени се потврди на вкупно 20.605 странски државјани. Најголем дел од нив се издадени на државјани на Сирија. Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил биле поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG