Достапни линкови

Половина од клупите се искршени, извадени, садовите за смет се оштетени, а изметот од домашните миленичиња ретко кој го собира и го фрла во за тоа наменети канти.

Градското шеталиште популарно како Кеј, оплеменето со тревни површини, цвеќе, дрвја, тениски терен, фонтани, клупи и играчки за деца, е место каде кумановци од сите возрасти се упатуваат и во претпладневните и во вечерните часови. Со него стопанисува и го одржува локалното комунално претпријатие „Чистота и зеленило“, чии, пак, вработени сè повеќе се соочуваат со недолично однесување на граѓаните.

Не знам дали е до менталитетот или до економија, има и едно и друго. Сепак, средено е, не е најлошо.

Половина од клупите се искршени, извадени, садовите за смет се оштетени, а изметот од домашните миленичиња ретко кој го собира и го фрла во за тоа наменети канти. По еден или двајца чувари на јавното добро не можат да се справат со младите кои намерно го уништуваат.

Запрашаните кумановци коментираат дека нема култура на добро однесување како во некои други земји, а малкумина, пак, на нивните деца им укажуваат дека тоа е заедничко и не треба да се уништува.

Полиција треба да има, а таа е катастрофа. Нема полиција. Не можеш да видиш полицаец. Порано кога ќе видиш полицаец се чувствуваш слободно, безбедно, а сега не знаеш на кого ќе налеташ.

Еве што велат граѓаните кои во претпладневните часови шетаат на градскиот Кеј.

„Нема доволно вода, а многу народ тука поминува и недостасува тоалет.“

„Шетам секој ден, времено сум тука, во странство живеам. Вода нема, тоалети, а за одржување мислам дека е во ред.“

„И светло нема навечер.“

„Не знам дали е до менталитетот или до економија, има и едно и друго. Сепак, средено е, не е најлошо.“

„Не е доволно осветлено, има и мали деца што ќе се плашат“, велат анкетираните.

За оние граѓани кои дома имаат поодговорно однесување, за разлика од кога се на улица или на Кејот, запрашаните велат дека секој за себе си одговара.

„Извадиле клупи, бекатон.“

„Навечер не е осветлено, ама и улиците не се осветлени.“

„Култура.“

„И стражари има, како да ги нема.“

„Полиција треба да има, а таа е катастрофа. Нема полиција. Не можеш да видиш полицаец. Порано кога ќе видиш полицаец се чувствуваш слободно, безбедно, а сега не знаеш на кого ќе налеташ“, велат запрашаните граѓани, но додаваат дека доколку тие забележат дивеење на некои несовесни, главно млади луѓе, кои уништуваат од поставениот инвентар, тие не би реагирале, зашто, како што велат, тоа не е нивна работа.

Надлежното претпријатие „Чистота и зеленило“ со околу 300 вработени главно во администрацијата, се чини нема доволно општи работници, кои би ги одржувале тревните јавни површини.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG