Достапни линкови

Иран бара регионална соработка против тероризмот


Мохамад Џавад Зариф

Мохамад Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф побара обединет фронт на Блискиот Исток во борбата против заканите од екстремизмот и тероризмот. „Секоја закана за една посебна земја е закана за сите земји во регионот“, изјави тој на прес конференција во Кувајт, додавајќи дека ниту една земја не може да ги реши регионалните проблеми без помош од другите. Зариф престојуваше во прва посета во регионот откако Иран се договори со шесте светски сили за неговата нуклеарна програма. По Кувајт тој треба да престојува во Катар и во Ирак.

XS
SM
MD
LG