Достапни линкови

logo-print

Сирискиот претседател вети победа во војната


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Во својот прв говор во изминатава една година, претседателот на Сирија Башар ал Асад му вети на народот победа во повеќегодишната граѓанска војна. Сепак тој призна дека неговите сили на кои им недостигаат луѓе. Загубиле територии кои сега се под контрола на бунтовниците. Асад во говорот што го пренесуваше телевизијата признава дека неговите генерали биле присилени да префрлуваат сили од еден фронт на друг но додаде: „Ние не се распаѓаме. Ние ќе победиме. Зборот пораз не постои во речникот на Сириската армија“. Владата на Асад во саботата објави општа амнестија за илјадници дезертери од кои некои им се придружиле на бунтовниците, а некои побегнале во странство.

XS
SM
MD
LG