Достапни линкови

Ирачките сили напредуваат кај Рамади


Ирачките безбедносни сили успеале да го преземат универзитетскиот кампус во предградието на Рамади од милитантите на Исламската држава откако покренале ненадејна офанзива со поддршка на воздушни напади на сојузниците предводени од Соединетите држави. Според ирачки претставници, универзитетскиот кампус би можело да послужи како база за натамошно напредување на ирачките сили во преземањето на Рамади, главен град на западната ирачка провинција Анбар. Милитантите на Исламската држава го освоија Рамади во мај годинава.

XS
SM
MD
LG