Достапни линкови

Вонреден состанок на НАТО по барање од Турција


НАТО соопшти дека ќе одржи вонреден состанок на Советот на Алијансата во вторник за да се разгледаат турските воени операции против милитантите наИсламската држава и против борците Курдската Работничка партија. НАТО соопшти дека состанокот бил побаранод Турција која ги продолжува воздушните напади во соседните Сирија и Ирак. Турската државна телевизија синоќа објави дека биле извршени нови напади врз курдски бунтовници на северот на Ирак. Авионите полетале од базата во Дијарбекир. Новинските агенции потсетуваат дека со тоа е нарушен договорот за прекин на огнот меѓу Анкара и курдските бунтовници кој е на сила од 2013 година.

XS
SM
MD
LG