Достапни линкови

Меркел: Турција ја има поддршката од Германија


Германија ќе ја поддржи Анкара во борбата против екстремистите. Ова, како што е соопштено во Берлин го изјавила германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонскиот разговор со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Меркел во исто време ја повика Анкара да одговори пропорционално на заканите. Двајцата лидери разговараа откако курдски борци убија двајца турски војници, одмаздувајќи се за операцијата на Анкара против Курдската работничка партија, која беше спроведена заедно со нападите врз милитантите на Исламската држава во Сирија. Меркел побара да нема откажување од мировниот процес со Курдите, независно од сите тешкотии.

XS
SM
MD
LG