Достапни линкови

Состанок на работната група за договорот од Пржино


Денеска треба да се одржи состанок на првата работна група меѓу потписниците на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. На состанокот, кој како што е најавено, ќе биде под посредништво на Белгиецот Питер Ван Хојт теми ќе бидат изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората. Согласно договорот од 2 јуни, како и оној од 15 јули партиите треба да формираат десетина работни групи кои ќе можат да работат на спроведување на обврските превземени од тие договори. На средбата одржана во минатата недела исто така тема беа изборните закони, а на неа учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост“ и „Цивил“ и на Министерството за правда.

XS
SM
MD
LG