Достапни линкови

Нови воздушни напади во Јемен


Илустрација.

Илустрација.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија извршија воздушни напади во близина на главниот град на Јемен, Сана, неколку часа пред почетокот на хуманитарното петдневно примирје, информираат локални жители. Коалицијата која ги напаѓа шиитските бунтовници Хаути во Јемен соопшти дека ќе го набљудува прекинот на огнот, кој почнува вечерва на полноќ(23 часот по македонско време), а кој има цел да овозможи доставување хуманитарна помош за цивилното население. ВО воздушните напади во провинцијата Таиз во централен Јемен вчера беа убиени најмалку 80 луѓе, меѓу кои и цивили. Коалицијата ги започна нападите во март годинава за да му помогне на соборениот претседател Абд-Рабу Мансур Хади да се врати на власт. Повеќе од 80 отсто од 25-те милиони жители на Јемен имаат потреба од некаква помош. Еднонеделниот прекин на огнот претходно овој месец постигнат со посредство на ОН не успеа.

XS
SM
MD
LG