Достапни линкови

Зариф во посета на земјите од Персискиот Залив


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска пристигна во Кувајт во рамки на неговата регионална турнеја во која треба да ги посети и Катар и Ирак, каде што треба да разговара за нуклеарниот договор што Иран го постигна со шесте светски сили. Земјите од Персискиот Залив, предводени од Саудиска Арабија, изразија загриженост во врска со договорот, со кој постепено ќе бидат укинувани санкциите против Техеран кои се на сила од 2006 година, во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма. Иранските соседи во Персискиот Залив стравуваат дека договорот може да ја зајакне оваа шиитска регионална сила, која е обвинета за мешање во внатрешните работи во Ирак, Сирија, Либан, Јемен и Бахреин. Пред да се врати во Техеран, предвидено е Зариф да се сретне и со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и со францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

XS
SM
MD
LG