Достапни линкови

Убиството во Струга - Крвна одмазда


Полицијата соопшти дека го уапсила братот на убиениот телохранител и возач на струшкиот градоначалник Зијадин Села за убиството на заменик-директорот на УЈП Аргетим Асани. Вчера на социјалните мрежи, а потоа и во изјава за медиумите, таткото на приведениот Абудлај Купа рече дека неговиот син се одмаздил за киднапирањето и убиството на неговиот брат, пишува НоваТВ.

Уран Купа исчезна во февруари годинава во близина на Струга. Тогаш во јавноста се шпекулираше дека е киднапиран, а по еден месец истрага тој беше најден убиен во близина на патот кај Дебар. Истражните органи и по 6 месеци не го најдоа неговиот убиец. Но, изјавата на таткото зборува дека тој и неговиот син биле силно убедени дека виновник и одговорен е Аргетим Асани.

Аргетим Асани беше убиен во центарот на Струга кога од возило во движење во него беа испукани 14 куршуми, како што соопшти полицијата. Од контроверзниот Асани дури се огради и ДУИ од каде што вчера побрзаа да испратат соопштение во јавноста дека тој не бил нивни член.

XS
SM
MD
LG