Достапни линкови

Асад призна дека сириската армија се соочува со недостиг од луѓе


Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска призна дека сириската армија се соочува со недостиг од луѓе и оти мораше да се откаже од некои области во тековната граѓанска војна. Тој, сепак, рече дека армијата е способна да го одбрани народот и вети победа во војната. Во неговото телевизиско обраќање, тој рече дека „постои недостиг од човечки ресурси“ во армијата, но оти „тоа не значи дека може да зборуваме за колапс“. Недостигот од млади луѓе ја принуди Сирија да се потпре на регрутирањето лојалистички милиции во провинциите под контрола на владата. Невладината Сириска опсерваторија за човекови права наведува дека бројот на регуларни армиски сили падна на 200 илјади од 350 илјади пред војната. Асад исто така рече дека поддржува политички дијалог за окончување на војната, дури и ако има ограничено влијание врз решавањето на кризата. Сирискиот претседател вчера објави амнестија за армиските дезертери кои го прекршиле законот за задолжителна воена служба.

XS
SM
MD
LG