Достапни линкови

Белата куќа ги поздрави напорите на Турција во борбата против ИД


Белата куќа денеска ги поздрави напорите на Турција во борбата против екстремистичката група Исламска држава (ИД) и ја нарече Курдската работничка партија (ПКК) „терористичка организација“.

Ова го изјави официјален претставник на Белата куќа на прес-конференција во Најроби, за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама. Турција вчера почна воздушни и артилериски напади против позициите на Исламската држава во Сирија и против курдските милитанти во северен Ирак.

САД претходно ги осудија нападите кои ги извршиле припадниците на ПКК во Турција.

Заменик специјалниот американски пратеник за борба против ИД, Брет Мекгурк, напиша на Твитер дека „нема врска“ меѓу турските воздушни напади врз позиции на ПКК и договорот за интензивирање на борбата против ИД.

Курдските бунтовници вчера соопштија дека условите за зачувување на примирјето со Турција повеќе не се во сила, откако турски воени авиони го бомбардираа нивното упориште во северниот дел на Ирак.

XS
SM
MD
LG