Достапни линкови

Австралиски болничар обвинет за соработка со ИД


Австралискиот болничар, 39-годишниот Адам Брукман, денеска официјално е обвинет за соработка со Исламската држава, откако доброволно се врати од Сирија во својата земја, соопшти полицијата. Тој изутрината бил изведен пред судот во Мелбурн. Брукман, кој преминал во ислам, им се предаде на властите во Турција на 21 јули, а во Австралија пристигна на 24 јули, соопшти федералната полиција. Тој е обвинет дека свесно ѝ помагал на терористичка организација, за што може да добие до 25 години затвор. Брукман, кој е татко на пет деца, за австралиските медиуми изјави дека во Сирија бил во хуманитарна мисија и оти бил принуден да ѝ се придружи на Исламската држава откако бил ранет. Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека најмалку 70 австралиски државјани се борат во Сирија и во Ирак и оти има уште стотина помошници кои се стационирани во Австралија. Нивото на терористичка закана во Австралија е зголемено на високо, а беа спроведени неколку големи рации во големите градови.

XS
SM
MD
LG