Достапни линкови

Талибанците презеле воена база во североисточен Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Авганистански претставници соопштија дека талибанците синоќа ја презеле контролата врз воената база во североисточната провинција Бадахшан по тридневни борби. Повеќе од 100 полицајци им се предале на бунтовниците, откако не добиле засилување. Според договорот, целата опрема од базата ќе им биде предадена на талибанците. Нападите од милитантите во некогаш мирната провинција Бадахшан се засилија, откако талибанците ги здружија силите со другите бунтовнички групи оваа година.

XS
SM
MD
LG