Достапни линкови

logo-print

Скопје одбележува 52 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 52 година од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Официјални делегации и претставници на институции утрово на Градските гробишта во Бутел ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на Град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот ќе биде реализирана традиционалната крводарителска акција.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28 илјади. Над 200 илјади луѓе остана без покрив над глава.

Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

XS
SM
MD
LG