Достапни линкови

Временска прогноза - Сончево и топло време


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Повремено ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Во текот на следната недела ќе преовладува сончево и уште потопло време со температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

XS
SM
MD
LG