Достапни линкови

logo-print

Орбан - Јасна врска меѓу мигрантите и тероризмот


Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека постои јасна врска меѓу илегалните мигранти кои доаѓаат во Евриоа и растечката закана од тероризмот. Зборувајќи на културен фестивал во романскиот град Баиле Туснад, тој ги правдаше антиимигрантските ставови на неговата конзервативна влада.

„Очигледно е дека не можеме да ги филтрираме непријателските терористи од ова огромна толпа“, рече тој.

Унгарија гради ограда на границата со Србија во обид да го запре приливот на илегални мигранти. Потегот наиде на критики од Србија и од УНХЦР.

Кога мигрантите ќе влезат во Унгарија, која е дел од шенген зоната, тие може слободно да патуваат низ ЕУ. Повеќе од 90 илјади мигранти минатата година влегле во Унгарија. Повеќето од нив бараат азил, но заминуваат во други држави, како Германија или Шведска, пред да биде одговорено на нивните барања. Повеќето од мигрантите кои преку Грција, Македонија и Србија влегуваат во Унгарија се од Авганистан, Ирак и Сирија, каде што беснеат војни.

XS
SM
MD
LG