Достапни линкови

logo-print

САД ќе започнат со обука на украинските војници


САД ќе започнат со обука на украинските војници оваа есен како дел од проширувањето на нивната вклученост во оваа земја, соопшти вчера Стејт департментот. Мал број американски војници веќе се во Украина каде што ги обучуваат силите на Националната гарда, но според новиот план обуката ќе ги опфати и редовните единици. Со тоа вкупното чинење на американската помош за државата која се бори против проруските сепаратисти ќе достигне 244 милиони долари од минатата година. Обуката ќе се одвива на западот на Украина, далеку од фронтот и нема да значи голема промена на американската стратегија. Американските власти велат дека нема да ѝ помагаат на Украина со нова опрема или оружје, туку ќе се фокусираат на неборбена помош.

XS
SM
MD
LG