Достапни линкови

Асад ги амнестира армиските дезертери


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад издаде указ со кој се објавува општа амнестија за армиските дезертери кои го прекршиле законот за задолжителна воена обврска, објави државната телевизија. Втората амнестија во само една година, наведува дека прекршителите кои ја напуштиле земјата имаат два месеци да се предадат, додека оние кои се во Сирија имаат еден месец да им се предадат на властите. Со законот се опфатени илјадници армиски дезертери. Сириската армија се бори на неколку големи фронтови против исламистичките бунтовници и против милитантите на Исламската држава кои држат под контрола големи делови од земјата. Недостигот од млади луѓе ја поттикна Сирија да регрутира лојалистички милиции во провинциите под контрола на државата.

XS
SM
MD
LG