Достапни линкови

Убиен функционер од ДУИ во Струга


Аргетим Асани.

Аргетим Асани.

Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани од редовите на ДУИ денеска бил убиен во Струга, објавуваат македонските медиуми. Тој бил застрелан од возило во движење. Полицијата го истражува случајот, но оттаму сè уште нема официјални информации.

Телевизијата 24 вести објави дека ДУИ тврди оти не се работи за внатрепартиска престрелка. ДУИ потврдува дека тој е избран за заменик директор на УЈП на нивен предог, но негира дека Асани е член на партијата.

Во пресметка меѓу членови на ДУИ во Куманово завчера беше убиен Џемаил Реџепи, познат како Командант Шќипоња.

Асани ѝ стана познат на пошироката јавност минатата година откако беше повреден во конфликт во врска со внатрепартиските избори на ДУИ во Струга. Во декември минатата година, во тепачка меѓу поддржувачите на струшките функционери на ДУИ Рамиз Мерко и Арбен Лабеништа, настрада токму Асани, кој со полесна повреда заврши во струшката болница. Медиумите тогаш пишуваа дека групите си размениле тупаници, клоци и се гаѓале со мобилни телефони.

Асани му е заменик на директорот на УЈП Горан Трајковски од 2013 година.

XS
SM
MD
LG