Достапни линкови

УЕФА покрена дисциплинска постапка поради транспарент за Сребреница


Сараево.

Сараево.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против босанскиот шампион Сараево поради транспарентот „Never forget Srebrenica genocide“ истакнат на првиот дуел од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против полски Лех.

Ова не е првпат УЕФА да покренува постапка против клубови од БиХ за транспарент со кој се повикува никогаш да не се заборави геноцидот во Сребреница.

Од ФК Сараево се огласија за случајот со објаснување дека во пораката се искажува хуманост и апел да не се заборави најцрниот настан во историјата на Босна и Херцеговина.

Од друга страна, актите на УЕФА најстрого забрануваат истакнување пароли кои немаат врска со спорт, а посебно тоа се однесува на транспаренти со политичка содржина.

Во следните денови ќе биде донесена одлуката дали Сараево ќе добие парична или друг вид на санкција.

XS
SM
MD
LG