Достапни линкови

Грција повторно осудена за нерегистрација на македонско здружение


Илустрација.

Илустрација.

Седумнаесет години по првата пресуда (во 1998) во полза на претставниците на македонското малцинство во Грција кои побараа регистрација на нивното здружение „Дом на македонската цивилизација“, Европскиот суд за човекови права од Стразбур, донесе нова пресуда со која се вели дека Грција повторно го прекршила членот 11 од Европската конвенција за човекови права (правото на слободно здружување), одбивајќи да го регистрира здружението, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Жалбата е поднесена од „Домот на македонската цивилизација“ и седум грчки државјани, кои го претставуваат оваа здружение. Случајот се однесува на одбивањето на грчките власти официјално да го регистрираат постоењето на нивното здружение, чија главна цел е промоција и развој на македонската цивилизација и нејзините традиции.

Судот од Стразбур во пресудата објавена на 9 јули заклучува дека има повреда на членот 11 од страна на Грција, при што на поднесувачите на жалбата им досудува Правичен надоместок од 10 илјади евра за морална штета и две илјади евра за надоместок за трошоци.

XS
SM
MD
LG