Достапни линкови

Големи поплави во Пакистан


Силните монсунски дождови во северен Пакистан предизвикаа големи поплави во кои загинаа десетици луѓе, а многу куќи беа урнати. Големи оштетувања има во градот Читрал во провинцијата Хибер Пахтунхва, каде што околу 250 илјади луѓе се погодени од поплавите, соопшти вчера хуманитарната канцеларија на ЕУ. Од 19 јули досега во Читрал загинале најмалку 20 луѓе. Погодена е и сиромашната провинција Балучистан. Досега во поплавите загинале 42 луѓе во Пакистан. Новите врнежи почнаа вчера и се чини дека ќе продолжат и во наредните два дена. Поплавите во Пакистан се чести за време на сезоната на монсуните која трае од јуни до септември.

XS
SM
MD
LG