Достапни линкови

Австралиски болничар обвинет дека работел за Исламската држава


Илустрација.

Илустрација.

Австралискиот болничар Адам Брукман, кој вели дека бил принуден да им пружа медицинска помош на борците на Исламската држава во Сирија, утринава преку видео линк сведочеше пред судот во Сиднеј. Брукман им се предаде на турските власти на 21 јули, а неговото апсење е поврзано со „неговата наводна вмешаност во конфликтот во Сирија“. По неговото сведочење пред судот во Сиднеј, на барање на единицата за борба против тероризмот, тој беше испратен во Мелбурн. Брукман за австралиските медиуми изјави дека во Сирија бил во хуманитарна мисија, но откако бил повреден бил принуден да ѝ се придружи на Исламската држава. Весникот Сиднеј морнинг хералд, повикувајќи се на судски документи, објави дека Брукман се соочува со две обвиненија - за изршување стражарски и извидувачки обврски за Исламската држава.

XS
SM
MD
LG