Достапни линкови

logo-print

Романската православна црква повикува на молитви за дожд


Романската православна црква вчера ги повика свештениците и верниците да се молат за дожд, откако земјата ја зафатија огромни горештини со температури од 40 степени.

„Во период на суша, која сериозно им се заканува на земјоделските култури во земјата, со сериозни последици за животот на луѓето, Патријаршијата во Романија ги повикува свештениците и православните верници да ги зголемат молитвите за дожд. Верувајќи во милостивоста на Бога, се надеваме дека тој ќе одговори на нашите молитви“, се наведува во соопштението на црквата.

Православната црква во Романија, која има околу 18 милиони следбеници или 86 отсто од целото население, е една од најпочитуваните институции во земјата.

XS
SM
MD
LG