Достапни линкови

Временска прогноза - Горештините продолжуваат


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 31 до 38 степени. Во Скопје слично време со температура до 37 степени.

Утре во поголемиот дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.

XS
SM
MD
LG