Достапни линкови

Хрватски државјанин киднапиран во Египет


Непознати напаѓачи киднапираа во Египет хрватски државјанин кој во таа држава работел за француска компанија, објави денеска хрватското МНР. Тоа е прво киднапирање хрватски државјанин во странска земја. Хрватскиот државјанин имал 31 година и бил киднапиран на 22 јули на подрачје на Каиро додека возел со автомобил кон компанијата каде работел. Неговиот автомобил го запрела вооружена група која го однела во непознат правец. Хрватски медиуми јавуваат дека властите во Загреб досега не добиле барање за откупнина.

XS
SM
MD
LG