Достапни линкови

Русија ќе уништува шверцувани западни производи


Од француски сирења до шпанска шунка, рускиот претседател Владимир Путин денеска повика да се уништат западните производи кои се шверцуваат во земјата со кои се крши официјалното ембарго.

Москва минатата година забрани увоз на прехранбени производи од Запад во знак на одмазда за економските санкции кои ги воведоа запaдните земји кон Русија поради незината улога во кризата во Украина.

Но и покрај ембаргото, камиони полни со деликатеси, се увезуваат во земјата нелегално.

Министерот за земјоделство денеска предложил законски измени со кои ќе им се овозможи на царинските службеници веднаш да ги уништат производите. Путин се согласил со предлогот на министерот.

И покрај ембаргото, на Русите им беше дозволено да внесуваат мали количини на забранети производи во земјата за лична потрошувачка.

Претходно оваа недела, руски цариници соопштија дека спречиле обид за криумчарење на речиси половина тон на европско сирење во земјата.

XS
SM
MD
LG