Достапни линкови

Кери повторно во одбрана на договорот со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е апсолутно убеден дека доколку се спроведува договорот со Иран ќе ги намалат шансите во трката за нуклеарно вооружување на Блискиот Исток.

Тој вели дека заканата за другите земји на Блискиот Исток е поголема ако нема договор, отколку ако го има. Кери денеска имаше обраќање пред Советот за надворешни односи во Њујорк .

Критичарите на овој договор, вклучително и истакнати републиканци во Конгресот на САД и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предупредија дека договорот може да предизвика трка во нуклеарно вооружување во регионот и на глобално ниво.

Говорејќи во Њујорк, еден ден откако сведочеше пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Кери ги отфрли критиките.

XS
SM
MD
LG