Достапни линкови

logo-print

Исмаилова на судењето се изјасни за невина


Новинарката Хадија Исмаилова се изјасни како невина на првиот ден од судењето против неа во Судот во Баку. Таа вели дека обвиненијата за проневера на пари, даночно затајување и злоупотреба на службената должност се политички мотивирани. Таа пред судот за време на прелиминарното сослушување рече дека претседателот Илхам Алијев ја уапсил поради лично непријателство и за да ја попречи нејзината новинарска активност. Нејзиниот адвокат побарал за време на судењето таа да биде во домашен притвор, наместо во притвор. Поддржувачите на Исамилова,истражувачки новинар во азербејџанскиот сервис на РСЕденеска во Баку, го извикуваа нејзиното име пред Судот. Пред судот имаше полиција која ги спречи новинарите и активистите да присуствуваат на првиот ден од судењето. Судењето кратко по почетокот беше прекинато, а продолжението е закажано за 7 август. Многу меѓународни организации го осудија затворањето на новинарката, велејќи дека тоа е политички мотивирано, затоа што во своите текстови таа ги разоткрива финансиските злоупотреби што ги правел претседателот Илхам Илиев и членовите не неговото семејство.

XS
SM
MD
LG