Достапни линкови

Украина им забрани на комунистите да учествуваат на избори


Украинското Министерство за правда им забрани на Комунистите да учествуваат на претстојните локални избори, по донесувањето на новиот закон. Министерот за правда Павло Петренко денеска рече дека на Комунистичката партија на украинските работници и селани и Реформираната комунистичка партија на Украина ќе им биде забрането да учествуваат на локалните избори во октомври. Тој исто така најави и тужба за официјална забрана за партиите. Комунистичката партија беше важна политичка сила во Украина, освојувајќи 12 проценти на парламентарните избори во 2012 година, но нивната популарност се намали поради поддршката за прорускиот поранешен претседател Виктор Јанукович, кој беше соборен од власт по крвавите минатогодишни протести, по што избега во Русија. На парламентарните избори во 2014 година, Комунистичката партија на Украина освои помалку од 4 проценти од гласовите. Украина во април донесе неколку закони со кои се забранува користењето на симболите од советско време и забрана на комунистичката идеологија. Сепак, лидерот на Комунистичката партија на Украина Петро Симоненко рече дека неговата партија ќе учествува на изборите и покрај одлуката на Министерството.

XS
SM
MD
LG