Достапни линкови

Иран очекува олеснување на трансакциите со странство


Иран очекува да се приклучи кон меѓународниот електронски систем за плаќање, кратко време откако ќе се укинат економските санкции. Иранскиот министер за индустрија Мохамад Реза Немарзадех рече дека странските банки постепено ќе можат повторно да воспостават врски со иранските банки, откако санкциите ќе бидат отстранети, а тој очекува тоа да се случи за помалку од три месеци.

Со санкциите, на Иран му беше забрането да го користи меѓународниот систем за плаќање, со што не можеа да се направат меѓународни банкарски трансфери, кои се клучни за надворешната трговија.

XS
SM
MD
LG