Достапни линкови

ДУИ формира работна група за спроведување на договорот


Демократска унија за интеграција (ДУИ) донесе одлука за формирање работна група која ќе биде ангажирана за спроведување на договорот за излез од политичката криза. Работната група, соопшти денеска ДУИ, ја сочинуваат Фатмир Бесими координатор, Муса Џафери, Талат Џафери, Абдилаќим Адеми, Бујар Османи и Артан Груби.

Работната група ќе ангажира дополнително и експерти во зависност од темите кои ќе се разговараат на работните состаноци.

ДУИ ги повикува сите политички партии потписници на договорот да покажат максимална посветеност во имплементирање на обврските од договорот со цел враќање на политичката стабилност и фокусот на институциите на интегративните процеси, а се со цел, подобар живот за сите граѓани

XS
SM
MD
LG