Достапни линкови

logo-print

Прекинато судењето на новинарката Исмаилова


Судењето на Хадија Исмаилова, новинарка во азербејџанскиот сервис на РСЕ започна денеска во Баку, но веднаш беше прекинато, а продолжението е одложено за 7 август. Исмаилова кариерата ја посвети на истражувачко новинарство, особено на истражувања на злоупотреби и корупција сторени од страна на властите. Таа е обвинета за избегнување плаќање данок, вршење нелегална дејност и злоупотреба на положбата. Исмаилова беше во затвор повеќе од седум месеци. Многу меѓународни организации го осудија затворањето на новинарката, велејќи дека тоа е политички мотивирано, затоа што во своите текстови таа ги разоткрива финансиските злоупотреби што ги правел претседателот Илхам Илиев и членовите не неговото семејство.

XS
SM
MD
LG