Достапни линкови

Укината пресудата на Санадер?


Уставниот суд на Хрватска ја укина пресудата на поранешниот премиер Иво Санадер и нареди повторно разгледување на случајот, јавуваат хрватските медиуми. Информацијата за укинување на пресудата ја објави „Јутарњи лист“. Санадер беше осуден во случаите на „Хипо“ и „ИНА-МОЛ“. Засега нема информации кои се причините за поништување на правосилната пресуда на Санадер. Во 2011 година поранешниот премиер Иво Санадер беше обвинет дека примил поткуп од 10 милиони евра од генералниот директор на унгарската компанија МОЛ Жолт Фернади за добивање на котролен пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА. Обвинението беше споено со претходно отвореното обвинение за незаконско збогатување за време на војната во 90-тите години, кога како заменик министер за надворешни работи Санадер земал од австриската банка „Хипо“ 545.000 евра провизија за кредит, што Хрватска го добила од неа. Санадер по овие две обвиненија беше осуден на 10 години затвор, но минатата година Врховниот суд ја намали пресудата на 8,5 години.

XS
SM
MD
LG