Достапни линкови

Обвинителството го истражува случајот „Диво насеље“


Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9. мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите, соопштија денеска од Обвинителство.

„Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко - техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид“, се појаснува во соопштението.

Од Обвинителството велат дека во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.

XS
SM
MD
LG