Достапни линкови

МНР со реакција на писмото на Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ


Министерството за надворешни работи на Македонија во врска со соопштението на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ изрази жалење ако, како што се вели, биде констатирано дека австриска новинарка доживеала несоодветен третман на македонско грчката граница. Таа, според Мијатовиќ, била физички малтретирана од локален претставник на власта. Сепак, Министерството наведува дека, според официјални сознанија од надлежните институции, лице под име Корнелија Кребс, не фигурирала никаде во барањата за одобрение за снимање на територијата на Македонија. Овој наведен случај би можел да наведува на прекршување на законски обврски на граничен премин уште повеќе без соодветна дозвола од надлежните институции во Република Македонија. Во однос на случајот за напад врз Маријан Стаменковски, Министерството укажува на принципиелната осуда на каква било форма на насилство.

XS
SM
MD
LG