Достапни линкови

logo-print

ДУИ: надлежните да го расветлат убиството во Куманово


Демократската унија за интеграција изрази жалење за вооружениот инцидент што се случи вчера во Куманово и ги повика надлежните органи да го расветлат докрај. Во инцидентот едно лице загина, а двајца се повредени. Дел од медиумите известуваат дека настраданите во пукањето се членови на Демократската унија за интеграции и оти убиениот бил кандидат за претседател на огранокот на партијата. Полицијата соопшти дека работи на целосно расчистување на настанот.

XS
SM
MD
LG