Достапни линкови

Времето денеска: сончево со локална облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.

XS
SM
MD
LG