Достапни линкови

Турција ќе гради бариера на границата со Сирија


Турција ќе изгради силно обезбедувана бариера долж 800 километри долгата граница со Сирија, во обид да спречи инфилтрацијата на џихадистите и терористите на турската територија, соопшти Владата во Анкара.

Соопштението доаѓа само три дена по крвавиот терористички напад во градот Суруч, во кој загинаа 32 лица,а околу сто други беа ранети.

Турскиот заменик-премиер Булент Аранч денеска изјави дека Владата на својата последна седница одлучила да го спречи влегувањето на џихадисти на ИД, како и да се олеснат хуманитарните премини.

XS
SM
MD
LG