Достапни линкови

Пратеници ставија вето на референдумот во Република Српска


Пратениците Бошњаци во Домот на народите на Парламентот на Република Српска денеска ставија вето на одлуката на Народното собрание на овој босански ентитет за одржување на референдум против формирањето на суд и јавно обвинителство на Босна и Херцеовина.

Шефот на Клубот на бошњачките пратеници во горниот дом на Парламентот на Република Српска, Мујо Хаџиомеровиќ изјави дека го искористиле уставното право на вето, сметајќи дека е неприфатливо ентитетите да ги оспоруваат судиските власти на државно ниво.

Против одржувањето на реферндумот во своите дискусии се изјаснија и дел од пратениците Хрвати во Домот на народите, но при гласањето тие не го искористија правото на вето. Дел од нив истакнаа дека референдумот им штети на „виталните интереси на хравтскиот народ“, но при гласањето мнозинството пратеници Хрвати се изјаснија како воздржани.

XS
SM
MD
LG