Достапни линкови

Кери го бранеше нуклеарниот договор во Сенатот


Американскиот државен секретар Џон Кери остро ги нападна критичарите на нуклеарниот договор со Иран, велејќи им на скептиците во Конгресот дека одбивањето на договорот од страна на американските пратениците ќе му даде на Техеран „големо зелено светло“ за забрзување на својата нуклеарна програма. Тој денеска имаше сослушување пред Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат. Кери им се спротивстави на обвинувањата од страна на високи републиканци кои обвинија дека се измамени од страна на иранските преговарачи во последниот круг разговори во Виена. Кери пред Комитетот на Сенатот дека ако Конгресот го отфрли договорот, тоа ќе значи дека САД се оддалечуваат од постигнатите резултати.

XS
SM
MD
LG