Достапни линкови

logo-print

Турција испрати борбени авиони на границата со Сирија


Турската војска испрати борбени авиони на границата со Сирија, откако милитанти на Исламска држава убија еден турски војник кој стражарел на границата. Тој бил убиен од страна на вооружени лица кои биле позиционирани на територија во Сирија која е контролирана од страна на милитанти на ИД. Турските власти велат дека нивните војници возвратиле на огнот и дека е убиен најмалку еден осомничен милитант. Денеска е убиен уште еден турски полицаец, а друг повреден во градот Дијарбекир. Вчера беа убиени двајца турски полицајци.

XS
SM
MD
LG