Достапни линкови

Социјална зграда со еден куп проблеми во Охрид


Средба на полицијата со станари од социјалната зграда во Охрид.

Средба на полицијата со станари од социјалната зграда во Охрид.

Станарите на социјалната зграда во Охрид бараат да им бидат пуштени лифтовите и уличното осветлување. Се жалат на небезбедност.

Граѓани кои живеат во социјалната зграда во Охрид бараат поголема безбедност во околината на објектот. Се сомневаат дека во зградата навечер, како што велат, влегувале чудни луѓе. Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор бараат да бидат вклучени лифтовите во зградата кои не работеле од како истата била изградена. Сите маки ги изнесоа на средбата која ја имаа со надлежните институции од Охрид.

Осветлувањето околу зградата, никој ништо со години не презема. Плаќаме улучно осветлување 140 денари, а не свети ниту една сијалица и темница е. Опасно е да се живее и мислам дека во блиска иднина и тој проблем ќе се реши.

„Осветлувањето околу зградата, никој ништо со години не презема. Плаќаме улучно осветлување 140 денари, а не свети ниту една сијалица и темница е. Опасно е да се живее и мислам дека во блиска иднина и тој проблем ќе се реши“, изјави еден станар.

„Јас сум оперирана имам дете болно што уште го лечам и лифтот ми е повеќе од потребен“, вели станарка.

„Јас не сум задоволна од хигиената, потоа околу безбедноста околу зградата, бидејќи се вршат многу нелегални дејности на некој начин. Ме фаќа паника да излезам навечер, дали во 11 или 12 часот. Не се чувствувам безбедна. Многу чудни луѓе влегуваат во зградата. Нема ред и мир, нема безбедност, секакви луѓе влегуваат и излегуваат, се крадело по подрумите, дрва и други приватни работи“, вели друга станарка.

Директорот на охридската подружница на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор Гоце Ѓеорѓиевски вели дека три семејства веќе биле иселени од зградата поради нарушување на јавниот ред и мир, но и поради неподмирување на долговите кон ЕВН и оти со опасност да бидат иселени се соочуваат уште пет семејства. Георгиевски рече и дека имало 4-5 случаи каде станари ги издавале становите на туристи.

„Има многу загрижени граѓани на кои им се потребни станови, а некои кои ги добиле ги издаваат на други, тоа не смее да се дозволи. А има и случаи на неовластено преземање на струја од други станови, што е опасна работа која може да доведе и до пожар во целата зграда и да се предизвика голема штета“, вели Георгиевски.

Претставникот на СВР Охрид рече дека до нив како полициска станица стигнувале пријави за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад и тепачка и дека реагирале навреме и оти во текот на 2015 година биле пријавени 6-7 случаи.

XS
SM
MD
LG