Достапни линкови

Општините без капацитет да обезбедат европски пари


Македонските општини немаат доволно капацитет за да ги искористат финансиските фондови на ЕУ, вели тетовската градоначалничка Теута Арифи, која претходно беше и вицепремиер за евроинтеграции.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која пред тоа беше вицепремиер за евроинтеграции, признава дека општините низ Македонија немаат доволно капацитет за да ги искористат финансиските фондови на Европската унија. Иако долги години постои можност да се користат пари од ЕУ, локалните самоуправи, односно вработените, немаат соодветно искуство во оваа област.

Тие се фондови кои ви се гарантирани, но од вас зависи дали може ги повлечете. Јас мислам дека нашите предолги административни процедури, тактизациите, несериозното однесување кон овие фондови апсолутно прави помала искористеност што не е добро за граѓаните, зашто тие се крајните бенефитори.

„Тие се фондови кои ви се гарантирани, но од вас зависи дали може ги повлечете. Јас мислам дека нашите предолги административни процедури, тактизациите, несериозното однесување кон овие фондови апсолутно прави помала искористеност што не е добро за граѓаните, зашто тие се крајните бенефитори. Локални администрации, според она што јас го гледам во целина, имаат послаби административни капацитети за да можат да работат на овие прашања. Треба тука малку повеќе да се инвестира во градење на администрација која ќе биде компетентна, која ќе може да работи на овие теми“, вели градоначалничката.

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Таа смета дека проектите на нејзината локална самоуправа поврзани пред сè со ИПА фондовите претставуваат солидна искористеност.

„Ние имаме два тековни проекти од прекуграничната соработка со Албанија. Едниот е со Општина Корча, проект за развој на театар и вториот проект оди со Општина Елбасан за отворање на туристичко информативни точки. Спремавме проект за пешачки патеки во текот на Шар Планина, што мислиме дека би бил добар проект со некоја од косовските општини до границата. Заедно со Битола и Струмица, значи станавме третиот град каде веќе заврши подготовката на документацијата за пречистителна станица за целата Општина Тетово“, истакна Арифи.

Согласно искуството со евроинтеграции во централната власт и на локално ниво, Арифи смета дека сите граѓани треба да направат напори за вклучување во проектите и достигнување на стандардите на Унијата или со еден збор да се европеизира општеството.

„Јас мислам дека не е баш е мала работа да може што повеќе граѓаните се запознаваат со Европа и со нејзините вредности. Мислам дека ние сме ориентирани кон тоа како општина. И да имаме кредибилитет и имиџ на општина која може да се носи со тие процедури најпрво, но исто така и граѓаните тоа го чувствуваат“, смета таа.

Македонија има искористено 35 проценти одфондовите на Европската унија преки Инструментот за претпристапна помош.

XS
SM
MD
LG